Skip to main content
Скопје

Новина во општина Илинден – изнајмување на електрични автомобили

25/08/2025  13:17

За прв пат граѓаните на општина Илинден ќе имаат можност да изнајмуваат електрични автомобили за своите потреби. За таа цел градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на Авант Кар, Мартин Милевски потпишаа Меморандум за соработка преку кој се овозможува на територија на општина Илинден воведување и имплементација на Систем за дистрибуција на автомобили со 100% електрична енергија.

Поставени на три локации на територија на општина Илинден, односно на паркингот кај Домот на култура „Илинден“, на паркингот кај спортската сала „Гоце Делчев“ и на паркинг просторот кај спортско рекреативниот центар во Марино, граѓаните преку инсталирање на апликација на својот мобилен уред ќе можат да го користат електричниот автомобил. На истите локации каде се наоѓаат автомобилите ќе бидат поставени и електрични полначи за истите. Автомобилите се под името на брендот Авант „Avant2GO“

Како што изјави градоначалникот Александар Георгиевски, Општина Илинден од ден на ден станува се поубава и помодернизирана Општина. Целта е да се подобри квалитетот на живот преку создавање напредни решенија за одржлива мобилност. Ние ја следиме визијата за чиста, едноставна, ефикасна и достапна подвижност, која дејствува како платена услуга само кога ни е потребна.

Споделувањето на електричните возила е самопослужување краткорочен наем на разни воспоставени електрични возила по претходно утврдени локации 24 часа на ден, секој ден во годината. Преку апликацијата која треба да биде инсталирана на паметен телефон (од резервација до плаќање), корисникот може да земе возило во секое време.