Skip to main content
Македонија

Нови 1.113 случаи на грип минатата недела, за 3,2 отсто помалку во споредба со претходната

27/02/2026  09:21

Во периодот од 16 до 22 февруари во земјава се пријавени 1.113 случаи на грип и заболувања слични на грип, што претставува намалување од 3,2 отсто во однос на претходната недела, пишува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Заболените лица се пријавени од 21 ЦЈЗ/ПЕ: Скопје – 669, Струмица – 81, Прилеп – 61, Тетово – 50 Гевгелија и Охрид – 37, а во Битола, Куманово, Дебар, Струга, Кичево, Штип, Кавадарци, Неготино, Пробиштип, Гостивар, Радовиш,Свети Николе, Велес, Кратово, Македонски Брод, бројот на заболени е помал од триесет. Во Крушево, Валандово, Крива Паланка, Демир Хисар, Берово, Кочани, Ресен, Виница, Делчево и Пехчево, нема пријавени заболени лица од грип и заболувања слични на грип, се додава во извештајот на ИЈЗ.

Во сезоната 2025/2026, вкупниот број случаи на грип – заболувања слични на грипот изнесува 14.984, според извештајот на Институтот.

Заклучно со осмата недела, во земјава биле вакцинирани вкупно 79.118 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.