Skip to main content
Економија

Новата година носи поскапување на градинките во десетици општини

31/12/2025  10:28

Десеттици општини низ државата на последните седници на Советот во 2025 година донесоа одлуки за зголемување на надоместот за сместување во детските градинки.

Скопските општини Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров, но и Советите во Вевчани, Прилеп и други општини донесоа одлука за зголемување на цената на градинките.

Во просек, цената се зголемува за 34% односно од 1490 на 2000 денари или за 500 денари по дете.

Па така, оние родители кои носат две деца во градинка од следниот месец ќе треба да издвојат дополнителни 1000 денари за сместување во градинките.

Родители на социјалните мрежи се жалат на ваквото поскапување и додаваат дека покрај тоа што плаќаат повремено имаат и дополнителни трошоци, односно од нив се бара да купат и донесат средства за хигиена, влажни марамчиња, хариени брисачи и сл.

Образложението на речиси сите локални власти каде се покачи цената е дека тоа било поради зголемените трошоци за живот и раст на просечната плата, како и фактот дека цената досега не се коригирала со години.