Skip to main content
Македонија

Нова војна на естрадата: Или ќути или ако прозборам ќе се селиш од државата се закани Боки 13 на Лазаров (ВИДЕО)

21/08/2025  22:16

До пред неколку месеци блиските соработници Бојан Јовановски Боки 13 и инфлуенсерот Стефан Лазаров влегоа во јавна кавга.

Откако Лазаров порача дека профил кој многу наликува на Боки 13 е крадец, Јовановски му порача дека му е подобро да молчи.

Боки 13 го прогласи Лазаров за медиокритет и му се закани дека ако тој проговори за него, Лазаров ќе мора да се отсели од Македонија. Боки рече и дека тој го измислил Лазаров, кој, пак, ништо не разбира и е неблагодарен.