
Медиумската платформа 4tv.mk ја збогатува својата програма со нов, ексклузивен производ наменет за љубителите на астрологијата.
Емисијата „Планетите зборуваат“, чиј домаќин е еминентниот астролог Наташа Јанковска, ветува стручни анализи и длабоки согледувања за влијанието на небесните тела врз нашето секојдневие.
Првата епизода вечерва во 21:00 часот е посветена на феноменот кој често предизвикува конфузија во јавноста – Ретроградниот Меркур.
Јанковска ќе објасни како правилно да се поставиме во овој период и кои се најчестите митови поврзани со него.

