Skip to main content
Скопје

Ниту плата, ниту здравствено осигурување за вработените во Зоолошка: Банки и извршители веќе им тропаат на врата, пари немаат 45 дена

02/05/2025  12:43

Вработени во Зоолошката градина немаат добиенот плата за март, а од вчера веќе немаат ниту здравствено осигурување. Илегоа на мирен протест пред Зоолошката да побраат институциите кои се надлежни да го решат проблемот. Посочуваат дека никогаш не се случило 45 дена да немаат земено плата.

MK Summit

„Овој протест е за да нѐ видат дека немаме земено плата за март месец. Плата имаме земено пред 45 дена. Вчера изгубивме и здравствено, бидејќи немаме плата на време. Имаме и колеги кои се на боледување. Кај без плата, па и без здравство. Замолувам тие кои се надлежни ова да го решат, за да ние поскоро земем плата. Си ја бараме заслужената плата која треба да ни ја дадат. Дали ќе исплаќаат по старо или ново – има синдикат, министерство. Ако ние не сме задоволни, ќе си поднесеме преставки до судот и ќе работиме според тоа што ќе ни кажат. Банки, извршители почнаа, знаете како функционира оваа држава. Телефоните ни ги исклучија. Како понатаму, ќе треба да се договориме во Синдикатот. Ние го најавивме протестов, излеговме толку колку што сме. Велигден го пројдовме без плата, 1 Мај го поминавме без пари“ рече Миле Таневски, претседател на синдикална организација на ЗОО-Скопје.

Немаме луѓе, немаме работници по реони, порача зоо-негователот Мирослав Станковиќ. Апелираше да се донесат помлади работници.

„Ова не е протест, туку за време на пауза, да испратиме порака дека ние секојдневно сме склони на повреди, а еве веќе немаме ниту здравствено. Зоолошка градина е подолго време е арена за политички пресметки. Нас тоа не нѐ интересира. Апелираме да ни се реши статусот. При крај ни се и финансиските средства“, додаде Мирослав Станковиќ, зоо-неговател.

Вработените во Зскопската золошка добива поддршка и од синдикатите.

„Трпението е при крај. Со бирани зборови ја кажуваат нивната мака, нивната тага. Но факт е дека денеска немаат ни здравствено осигурвање. Секојдневно се изложени на повреди, а да останат без здравствено осугурвање е нехумано. Ако не се исплатат платите, веројатно и вратите на ЗОО да бидат затворени. За жал, добив информација дека директорот не е на работа, а мислев да се срентеме. Генерално директорот е задолжен за исплата на плата, а кој е надлежен по хиерархија, нас не нѐ интересира. Ние забелешките ќе ги упатиме до директорот. Според моите информации никој во Град Скопје нема земено плата“, рече претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Платата на вработените во Зоолошката градина ја исплаќа Министерството за култура.