Skip to main content
Економија

Николоски: Работиме да ја нормализираме цената на комерцијални станови на пазарот

01/02/2025  14:06

Со одлуката за намалување на цената на комерцијални станови во Битола што ги гради државата, започнуваме со намерата да ги нормализираме цените на становите на пазарот. Следен чекор е Охрид и Скопје каде ќе понудиме пониски цени од тие што се нудат на пазарот на недвижности, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој денеска присуствуваше на доделувањето на социјални станови во општина Кочани.

Денеска во Кочани, вицепремиерот Николоски заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за станбен и деловен простор Марјан Стефановски, беа присутни на доделување на социјалните станови на семејствата кои ги исполнуваа условите согласно јавниот повик.

“После неколку месечна успешна работа на новиот директор на ЈП како и на неговиот тим веќе ги гледаме првите резултати. Завршена е процедурата во соработка со министерството за транспорт за распределба на социјални станови за ранливи категории на граѓани и во Кочани и во Велес. Се работи за категории на граѓани кои навистина имаат потреба од овие станови и се надевам дека среќа и топол дом во истите. Би сакал на сите кои што денеска ги добиваат, да им посакам поубави моменти во истите во годините што се пред нив”, истакна Николоски,

Тој додаде дека инвестицијата за социјалната зграда изнесува 72 милиони денар и дека се работи на изградба на вакви станови и во Прилеп, Македонска Каменица и Бутел во Скопје