Skip to main content
Македонија

Николоски: Ќе се реконструира болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

11/02/2025  16:15

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави дека на денешната седница на Владата се донела одлука за реконструкција и изгрaдба на ново крило на болницата ,,Св. Еразмо ” –Охрид. Во продолжение текст и линк до објавата.

“На денешната седница на Влада се донесе одлука за РЕКОНСТРУКЦИЈА и изградба НОВО КРИЛО на болницата ,,Св. Еразмо ” – Костозглобна во Охрид. 

Со денешната одлука предвидени се 2 милиони евра за оваа намена и со ова исполнуваме уште едно ветување.

Св.Еразмо – специјална болница за ортопедија и траумотологија е од огромно значење за жителите на општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен, а се вршат и посложени медицински операции за жителите од цела Македонија.

Продолжуваме посветено во сите сегменти и продолжуваме со уште поголеми проекти! – напиша вицепремиерот Николоски.