
Годината беше успешна ако видиме дека економијата расте, градежништвото порасна за 21 % и што е важно успеавме да ги одбраниме националните интереси, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто за ТВ Алфа.
“Мислам дека ова беше успешна година. Владата реализираше најголем дел од Програмата, она што го ветивме кон граѓаните и параметрите тоа го покажуваат. Во третиот квартал имаме раст од економија во 3,8 проценти што е далеку повисоко од годините наназад. Градежништвото, она што е дел од секторот кој јас го водам порасна со 21 процент што е историски највисок во државата, градежништвото никогаш не било толку високо. Така што, тоа е едниот сегмент кој што е во реализација на Програмата. Во делот на политиките, мислам дека опстанавме на нашите цврсти заложби што ги ветуваме на минатогодишните избори, а тоа е цврста одбрана на националните интереси, така што мислам дека се ова двата сегменти кои што се најзначајни.”- истакна вицепремиерот Николоски.
