Skip to main content
Економија

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите, Македонија има уникатна положба и сакаме економски да ја искористиме

26/04/2026  12:02

” ЕУ многу се заинтересирани за Коридор 8. Го прогласија за втор најзначен безбедносен коридор во НАТО Алијансата, затоа што почнува во Италија преку Драч, Тирана, Охридското езеро, Скопје, Деве Баир, Софија, Бургас и Врана и завршува во Одеса и е многу значаен во овие глобални случувања. Додека коридор 10 е најдолгиот и највитален коридор, започнува во пристаништето Пиреа и завршува во Хелсинки, така што многу се заинтересирани за двата коридори. Ние имаме среќа што двата пан европски коридори се сечат источно од Скопје, а третиот европски коридор 4 поминува паралелно со нас во Бугарија, така што имаме уникатна положба и се обидуваме да ја искористиме. Оваа географска позиција сакаме да ја искористиме и да донесе економски бенефит за граѓаните и подобар живот на граѓаните” – истакна вицепремиерот Николоски во поткастот на порталот Курир.