Skip to main content
Македонија

Николоски: Aвтопатот Гостивар – Букојчани се гради по најсовремени светски практики

02/03/2026  21:45

За изградбата на автопатот Гостивар-Букојчани ја донесовме најрационалната одлука во моментов, имајќи ја во предвид економската состојба на државата и можностите Ние да го финансираме овој проект, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во интервју за “360 степени”, каде објасни зошто оваа автопатска делница ќе се гради без тунел.

На прашање колкава ќе биде косината на автопатската делница и која ќе биде дозволената брзина на движење на возилата, вицепремиерот Николоски одговори:

“Од 31км на 14км има до 6% нагиб или пад, што е под стандардот за автопат, затоа што стандардот за автопат е до 7%. На автопатот ќе може да се вози од 110 до 130км/ч, затоа што кривините ќе бидат поблаги, рече Николоски потенцирајќи дека на автопатот работат инженери, проектатни и компанија кои што доста сериозно ја работат работата и работат според најновите светски практики”-додаде вицепремиерот.