Skip to main content
Балкан

Никој не ме пушти, сам си влегов сам кај повредените од Кочани, рече Вучиќ

09/04/2025  18:16

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека самиот влегол во Клиничкиот центар на Србија за да ги посети повредените во пожарот во дискотеката во Кочани.

„Здравствената установа и одговорните лица во таа установа кои дозволуваат голем број неовластени и несоодветно обучени лица да влезат на одделението за интензивна нега и да снимаат, фотографираат, па дури и да допираат тешки пациенти, ги прекршуваат елементарните правила на струката и протоколите во постапувањето со имунокомпромитирани пациенти“, соопштија студентите завчера, кога го изнесоа шестото барање..

Поради овој инцидент тие бараат поведување постапка за утврдување одговорност и разрешување на директорката на УКЦС Јелена Друловиќ, директорот на Ургентниот центар на УКЦС Марко Ерчеговац и началникот на одделението за интензивна нега на Ургентниот центар на УКЦС, Душан Мициќ.

– Не мора никого да бркаат. Го решија шестото барање. Па, јас сум тој. Гордиот Александар Вучиќ, кој учествуваше и чија идеја беше да се изгради и обнови Клиничкиот центар, да инвестира огромни пари, рече тој одговарајќи на прашања на новинарите во Париз по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон.

– Отидов да ги посетам. Тоа беше моја волја, никој не мораше да ме пушти, влегов сам. И, што ќе се случи сега? Ништо, рече тој.