Skip to main content
Македонија

СДСМ: Ниедна лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата и Тошковски со бегството на Груби

22/12/2024  10:40

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Ниту една лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата на Мицкоски и Панче Тошковски со бегството на Груби.

Косовската граница е решето, отворена за бегање на криминалци и терористи. Тошковски појма нема каде се наоѓа Груби и после сите скандали треба да се поднесе оставка. 

На Владата на Мицкоски навистина не ѝ оди добро, она што го ветуваше пред изборите не го испорача, скандали има секојдневно, институциите не функционираат, граѓаните осиромашуваат, цените растат, државата е заглавена и уназадува.

Граѓаните тоа го гледаат секој ден и нарачаните анкети не може да им помогнат на Мицкоски и компанија.