Skip to main content
Македонија

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Нови обилни дождови, силен ветер и грмежи

21/11/2025  07:39

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес (Петок 21 Ноември) целата територијата на нашата Република Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи од дожд и силниот ветер од јужен правец кој повремено ќе достигнува брзина од над  60 км/час. Локално за 24 часа повторно ќе наврне големо количество на воден талог и тоа над 30 литри дожд. Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на невреме.

Токму поради ваквата состојба апелирам возачите да внимаваат како управуваат со своите возила  и да не се движат покрај водотеците. Можни се  и нови поплавувања понатаму поради очекуваните нови обилни врнежи од дожд.

Сето ова е поради влијанието на циклонската активност од Џенова  која условува да имаме серија на големи влажни воздушни бранови.