Skip to main content
Спорт

Неверојатно полуфинале во Париз – ПСЖ и Баерн постигнаа девет голови

29/04/2026  08:30

Првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите одигран синоќа донесе исклучително квалитетен фудбал и девет голови на дуелот меѓу европскиот првак ПСЖ и Баерн – 5:4 за ПСЖ. Домашниот тим на почетокот на вториот дел имаше и три голови предност (5:2), но гостите од Германија сепак го намалија убедливото водство на противникот.

Головите за ПСЖ ги постигнаа: Квича Кварацкелија и Усама Дембеле по два и Жоао Невеш еден, додека за Баерн стрелци беа: Хари Кејн, Мишел Олисе, Упамекано и Луис Диаз.

Реванш натпреварот во Минхен се игра на 6.мај.

Вечерва се игра второто полуфинале меѓу Атлетико Мадрид и Арсенал.