Skip to main content
Свет

Нетанјаху најавува илјадници напади врз „терористичкиот режим“

01/03/2026  12:51

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изјави дека нападите од вчера и денес се само загревање.

„Во наредните денови ќе погодиме илјадници цели на терористичкиот режим. Ќе подготвиме услови храбриот народ на Иран да се ослободи од синџирите на тиранијата. И затоа ви велам повторно: Граѓани на Иран, не ја пропуштајте оваа можност. Ова е можност што доаѓа само еднаш во генерација. Не седете со скрстени раце, бидејќи вашиот момент наскоро ќе дојде.