Skip to main content
Хроника

Несреќа во Гостивар: Удрил дете, со тешки повреди пренесено во болница

08/05/2025  11:46

Вчера околу 16.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во с.Добридол, гостиварско, патничко возило „сеат леон“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(39) од с.Добридол, удрило во малолетен пешак од истото село.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.