Skip to main content
Македонија

Непроменета е состојбата на повредените од „Пулс“ кои се критични, докторите и натаму се борат за нивните животи

05/04/2025  14:36

Министерството за здравство информира дека во моментот 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба, во споредба со претходните денови. Непроменета е и состојбата на пациентите во критична состојба.

Сите пациенти кои се третираат во нашите установи се во стабилна состојба.

Министерството за здравство и понатаму внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјава и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани.