Skip to main content
Балкан

Непречен сообраќај на Евзони и Ники до петок

23/12/2025  21:25

Сообраќајот на граничните премини Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон нашата земја во наредните денови, заклучно со петок, ќе се одвива непречено, откако грчките земјоделци привремено ги ставија во мирување блокадите поради божиќните празници, јавува АНА-МПА.

Тракторите ќе останат паркирани покрај коловозот, но сообраќајните ленти ќе бидат целосно ослободени, со што ќе се овозможи непречено движење на товарни и патнички возила, како и автобуси. Земјоделците најавуваат дека ќе останат на границите за време на празниците, но без нови блокади. Слична одлука е донесена и за преминот Ники, додека блокадите на граничните премини Промахонас и Ексохи кон Бугарија остануваат на сила само за товарни возила.