Skip to main content
Македонија

Нема семејство во Кочани кое не е погодено вели Наунов за последиците од пожарот во „Пулс“

18/11/2026  20:46

„Млади деца кои требаше да ја градат иднината на државата, деца од чесни и воспитани семејства, денес ги нема. Уништена е една цела генерација.“ Со овие зборови Александар Наунов, татко на дете кое загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, зборуваше за загубата на семејствата во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

„Тие деца требаше да ја кренат државата нагоре. Сите беа воспитани, од примерни семејства. И на крајот се случи катастрофа во која се уништи една цела генерација“, истакна Наунов.

Тој потсети дека во пожарот загинале 63 лица, а 218 биле повредени. Како што посочи, дел од повредените сè уште се лекуваат, одат на рехабилитација и се подложуваат на операции.

„Нема семејство во Кочани кое на некаков начин не е погодено, директно или индиректно, од оваа трагедија“, рече Наунов во „Ноќно студио“ на 4ТВ.