Skip to main content
Свет

Неколку лица повредени при судар на два патнички воза во Данска

23/04/2026  10:43

Два воза се судрија во Данска денеска, при што неколку лица беа повредени. Несреќата се случила во близина на Хилерод, северно од Копенхаген, потврдија локалните служби за итни случаи, објави Ројтерс.

„Два локални воза се судрија челно“, изјави портпаролот на противпожарната служба во поширокото подрачје на Копенхаген.

„Има неколку повредени патници. Сите излегоа од возовите и никој не беше заробен. Голем број сили се испратени на местото на настанот“, додаде тој.