
Полиитчката партија Левица, во текот на оваа недела ќе го објави името на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, објави претседателот на партијата Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
„Скопјани а бе не ви е доста од истите хоштаплерски и нехаризматични сурати од двете најголеми партии, кои сакаат да се докопаат до градската власт, за да после им шибаат бизнисите и тендерите!?
Не мислите дека е дојдено времето за свежа крв во главниот град на местото од овие рециклирани транзициски ликови кои се слуги на урбаната мафија? Затоа Левица оваа недела ќе го обзнани нашиот кандидат, а ваш сограѓанин, за ГРАДОНАЧАЛНИК за Скопје…“ пишува Апасиев.
Инаку досега со потврдени кандитати излегоа ВМРО-ДПМНЕ со Орце Ѓорѓиевски, СДСМ со Каја Шукова и ДУИ со Скендер Реџепи.