Skip to main content
Скопје

Бујар Османи го претстави „Граѓанско око“ – четири механизми против корупцијата во Чаир

18/08/2025  09:32

Чаир денес е една од најнетранспарентните општини во Македонија. Корупцијата и непотизмот го задушуваат развојот, а општината е узурпирана од оние кои ја водат. Наместо да им служат на граѓаните, тие работат за свои интереси„ – истакна кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи.

Тој истакна дека празните зборови им ги остава на неговите политички противници, а дека тој самиот ќе докаже со дела. За таа цел го претстави новиот сет механизми за борба против корупција и заштита на јавниот интерес под името „Граѓанско око”.

„Овој сет вклучува четири нови решенија што досега не ги вовела ниту една општина. Не е доволно само да се има желба, потребни се и јасни механизми„ Четирите механизми кои го сочинуваат „Граѓанското око” се:
Јавно отворање на тендерите – Секое отворање на понуди за јавни набавки ќе биде јавно, со пренос во живо и снимка достапна на интернет. Ова е дозволено со законото за јавни набавки до одредена фаза на постапката.

Во текот на целата постапка, ќе се спроведува независен мониторинг од НВО и експерти за антикорупција во процесот на избор на најповолен понудувач кај поголемите тендери, за да се обезбеди фер и законска постапка.

“Јавна каса” – Онлајн следење на сметките, приходите и исплатите на општината, преку едноставна алатка со која граѓаните во секое време ќе можат да знаат за што се трошат нивните пари.

“AI контрола” – Постепено воведување на автоматизација на проверките со алатки за вештачка интелигенција, кои ќе ја елиминираат човечката пристрасност и ќе алармираат доколку нешто не е во согласност со законот.