Skip to main content
Балкан

Не се дупнала гумата на автомобилот на Вучиќ, се случило пострашно нешто (ВИДЕО)

09/02/2025  15:18

Како што беше објавено вчера, на патот кон Мокрин, возилото во кое патувал српскиот претседател Александар Вучиќ наводно доживеало неочекуван инцидент, при што било објавено дека гумата на автомобилот му се дупнала. Сепак, од Претседателството потврдуваат дека тоа не се случило, а автомобилот на Вучиќ всушност не доживеал проблем со гумата.

Како што е потврдено, целото тркало отпаднало од автомобилот.

„Среќа е што во тој момент немаше возила што доаѓаа од спротивната насока. Беше навистина фантастична реакција на припадникот на Кобра кој возеше и реагираше професионално, одговорно. Да не претпоставуваме или шпекулираме, кога ќе се случи вакво нешто, мора да се утврди како се случило, особено кога тоа ќе се случи со претседателот на државата“, изјави за новинарите премиерот Вучевиќ на саем во Нови сад, пренесе Телеграф.

Како што истакна, не е прашање дали се работи за Александар, Милош, Јелена, Ана, Милица, туку „прашање е дека претседателот на државата е тој што се движи под посебен режим, а неговото возило мора да има посебни безбедносни услови“.

Тој додаде дека треба да се зајакнат безбедносните мерки за српскиот претседател.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на шега вчера на митингот во Кикинда изјави дека му пукнала гумата на пат кон Мокрин, но од Претседателството потврдиле дека не се работело за гума, туку за целото тркало.

Снимка од автомобилот во кој се вози претседателот на Србија загрижи многумина.

Автомобилот се излизгал, а потоа само му паднала гумата. Иако Вучиќ рече дека тоа не е ништо сериозно, во јавноста се појави загриженост со оглед на тоа што строго се внимава на безбедноста на највисоките државни функционери не само во Србија, туку тоа е правило во секоја земја во светот.