Skip to main content
Македонија

Наташа Стојановска нов главен и одговорен уредник на Телма

27/02/2025  22:54

Новинарката Наташа Стојановска ќе ја преземе позицијата главен и одговорен уредник на телевизија Телма, потврдувајќи го ова на својот Фејсбук профил вечерва. Таа изрази задоволство што продолжува со кариерата во Телма, по преминот од Блумберг Адриа, каде работеше досега.

„Март е месец за промени и нови предизвици, а Телма е телевизијата каде продолжува мојот пат, сега на позицијата главен и одговорен уредник“, напиша Стојановска.

Стојановска претходно работеше како уредник на вести и водител на дебатната емисија „Топ тема“ на Телма, а по преминот во Блумберг се збогуваше со своите колеги. Според информации, Снежана Лупевска – Созен ќе остане на функцијата директор на телевизијата.