
СВР Тетово поднесе кривична пријава против четири лица Ш.Ф. (54) и З.З. (48) од Тетово, М.Ф. (29) од Долно Количани и И.А. (54) од Шемшево, поради сомнение дека извршиле измама при купопродажба на недвижен имот. Според пријавата, случајот датира од декември 2024 година, кога двајца од пријавените ја довеле во заблуда оштетената жена тврдејќи дека можат да ѝ посредуваат при купување куќа во Тетово, која наводно била во сопственост на нивни блиски роднини.
Договорената цена за објектот изнесувала 135.000 евра, а оштетената, верувајќи во нивните наводи, во два наврати им исплатила вкупно 8.600 евра. Во март 2025 година, жената дознала дека куќата всушност припаѓа на друго лице, по што се посомневала дека станува збор за измама. Кога се обидела случајот да го пријави во полиција, едно од пријавените лица ја одвратило од таа намера. Подоцна, осомничените ѝ вратиле дел од парите, односно 5.100 евра, додека преостанатиот износ го задржале за себе. По тоа, ја блокирале на социјалните мрежи и целосно го прекинале контактот со неа.
