Skip to main content
Хроника

Насилство во Аеродром: Партнер на вработена го нападнал нејзиниот колега во спортска обложувалница, заврши со оштетено возило и повреди

23/10/2025  17:12

Вчера во Скопје бил пријавен физички напад кој се случил на подрачјето на општина Аеродром. Според информациите од МВР, 42-годишниот Ј.Ц. од Скопје пријавил дека околу 15:45 часот, по вербална расправија со негова колешка во спортска обложувалница, бил нападнат откако излегол од објектот.

Нападот го извршиле две лица – М.Ж. и М.В., кој воедно бил партнер на колешката. Едниот од напаѓачите, според пријавата, употребил и тврд предмет, при што му нанел повреди и му го оштетил возилото.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.