Skip to main content
Економија

Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 1,75% и во второто тримесечје од 2026 година

01/04/2025  09:23

Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, којашто ги вклучува податоците за последниот квартал од 2024 година, вклучително и последните расположливи податоци, Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука да не се промени висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките кон клиенти од земјава, односно таа да се задржи на 1,75% од активата пондерирана според ризиците и во второто тримесечје од 2026 година. За изложеностите кон други земји ќе се применува стапката пропишана од националниот макропрудентен орган.

Народната банка во неколку наврати ја зголеми стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот, со што во нашиот банкарски се обезбеди солиден износ на дополнителен капитал врз оваа основа, зајакнувајќи ја на тој начин отпорноста на банките.

Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи системските ризици и ќе ја преоценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа.