Skip to main content
Хроника

Наредена истрага за разбојништво на кејот на Вардар – Притвор за 26-годишник

15/02/2025  18:02

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Во дејствијата учествувало уште едно лице на чија идентификација се работи.

Двајцата соизвршители, на 14 февруари во попладневните часови, кај поранешно “Дрво-Декор” на кејот на реката Вардар, нападнале еден оштетен, му впериле нож во грбот и со употреба на сила и сериозна закана му одзеле 3.000 денари. Потоа го удриле неколку пати и избегале.