Skip to main content
Хроника

Нападната жена во домот за стари лица во Куманово

26/02/2026  15:35

Скопјанка вчера била хоспитализирана во кумановскиот ургентен центар откако била физички нападната во домот за стари лица во кој престојува.

„Според пријавеното, таа била физички нападната од две лица кои, исто така, престојувале во домот“, соопштија од полицијата.

Од раководството на Домот за стари лица потврдуваат дека се запознаени со инцидентот. Тие посочуваат дека дополнителни чекори ќе бидат преземени по добивањето на официјалните документи.

„Информирани сме за настанот и ќе чекаме на целосниот извештај од полицијата за да преземат конкретни мерки“, велат од установата.

Полицијата работи на расчистување на случајот.