Skip to main content
Хроника

Нападнат возач на ЈСП додека управувал со автобус

05/03/2025  16:29

Вчера во 14.15 часот 47-годишниот Е.Х. од Скопје во полициска станива пријавил дека половина час претходно во 13.45 часот додека управувал со автобус на ЈСП на подрачјето на Центар по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Б.Џ.(33) од Скопје.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.