
Вчера во 23.40 часот во СВР Тетово од Ургентен центар при Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив било примено лице со повреди од нож.
Утврдено е дека повредениот е А.Т.(31) од Р.Албанија, кој пријавил дека околу 23.30 часот пред угостителски објект во градскиот трговски центар на улица „Илинденска“ во Тетово, со нож бил нападнат од Б.Ш. од Тетово, соопштија од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.