
Количеството на превезената стока во товарниот патен превоз во првиот квартал годинава е намалено за 19.4 проценти во однос на истиот квартал од претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Наспроти товарниот патен превоз, во првите три месеци од годинава споредено со истиот период лани статистиката евидентира згoлемување на количеството на превезена стока во железничкиот превоз, за 14.2 проценти, а во воздухопловниот превоз за 34.1 проценти.
Според податоците на ДЗС, во првото тримесечје од годинава, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1 043 000, во градско-приградскиот 8 306 000, во железничкиот 24 000, а во воздухопловниот превоз 840 532.

