Skip to main content
Македонија

Најмногу дожд во Прилеп 27 литри на квадрат, ќе врне и денеска

04/04/2025  08:23

Најмногу дожд во изминатото денноноќи наврна во Прилеп 27 литри на метар квадратен, во Маврово 15, Струмица 14, Берово 12, а пет литри во Скопје, соопшти УХМР.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 15 л/м2). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне до 16 степени.