Skip to main content
Економија

Најмногу дожд во Охрид и на Попова Шапка

18/04/2025  10:05

Во Охрид и на Попова Шапка во изминатите 24 часа, до 8 часот утрово, се измерени два литри на метар квадратен воден талог, а во Пожаране и Маврови Анови еден литар на метар квадратен, соопшти УХМР.

MK Summit

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе достигне до 25 степени.