Skip to main content
Свет

Најмалку тројца загинати во јужна Шпанија

29/12/2025  17:30

Најмалку три лица загинаа во поплавите во Шпанија, во регионот Андалузија.

Најпогодена е покраината Малага, каде загинаа две лица откако нивното комбе беше однесено од надојдената река. Третата жртва е 18-годишно момче, чие тело е пронајдено во покраината Гранада.

Во Малага регистрирани се најголем број инциденти од надојдената вода, а потоа следат Гранада со 58 и Алмерија во 48.

Итните служби интервенирале поради поплавени домови, гаражи и улици. Поради поплавите затворени се голем број патишта, а во руралните и планинските области забележани се одрони на камења.