Skip to main content
Балкан

Најмалку осум лица повредени во невремето во Белград

08/07/2025  17:59

Најмалку осум лица се повредени во невремето што попладнево го погоди Белград, соопштија од Итната медицинска помош.

Од невремето во Белград е предизвикана и материјална штета, голем број дрвја беа соборени, а некои куќи останаа без покриви.

Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград е исто така затворен за сообраќај. Патниците беа информирани за привременото прекинување на авио-сообраќајот, а започна и пренасочувањето на дојдовните летови.

Метеоролозите претходно издадоа црвен метео-аларм.
Цела северна и западна Србија беше под  удари на поројни врнежи од дожд и грмежи. Локално има град и ветрови со сила на ураган. Попладнево ураганска бура го погоди и Белград – во делови од градот ветерот дуваше над 100 км/ч.

На север и запад од Србија, исто така, имаше силно заладување, температурата во делови од Војводина се спушти на 18 степени, додека на југ и исток беше е уште жешко, со температури до 40 степени.