Skip to main content
Свет

Најмалку 34 лица се повредени во автобуска несреќа во Барселона

03/03/2025  20:08

– Најмалку 34 лица се повредени, од кои четворица потешко, во автобуска несреќа што се случи денеска во Барселона, соопштија властите.

Автобусите оделе во ист правец, еден позади друг, кога првиот скршнал од патот и удрил во дрво, по што во него удрил вториот автобус, пренесува шпанската новинска агенција ЕФЕ.

Сударот се случил на автобуска постојка и властите истражуваат дали патниците се подготвувале да излезат од автобусот.