Skip to main content
Свет

Најмалку 195 луѓе се повредени при експлозијата во иранското пристаниште Шахид Раџаи

26/04/2025  14:42

Најмалку 195 луѓе се повредени во денешната експлозија во пристаништето Шахид Раџаи во јужниот ирански град Бандар Абас, објавија иранските медиуми,

– Експлодираа неколку контејнери складирани на едно од пристаништето Шахид Раџаи. Моментално евакуираме луѓе и ги транспортираме повредените во медицинските установи“, изјави претставник на локалните служби за итни случаи за иранската државна телевизија.

Пристаништето Шахид Раџаи е едно од главните трговски пристаништа во Иран, лоцирано повеќе од 1.000 километри јужно од главниот град Техеран.