Skip to main content
Свет

Најмалку 13 луѓе при експлозија на бомба во Колумбија

26/04/2026  10:55

Најмалку 13 луѓе загинаа, а 17 се повредени при експлозија на бомба поставена на пат во југозападна Колумбија. Жртвите со автобус патувале по Панамериканската магистрала до градот Кахибио.

Командантот на вооружените сили на Колумбија, генерал Уго Лопез изјави дека нападот е терористички акт и ги обвини Иван Мордиско, еден од најбараните лидери на вооружена група во Колумбија, како и фракцијата на Хајме Мартинез.

Претседателот на Колумбија, Густаво Петро напаѓачите ги опиша како „терористи, фашисти и трговци со дрога“.