Skip to main content
Култура

Награда за животно дело за актерката Снежана Конесвки – Руси

05/05/2025  19:34

По предлогот на НУ РСМ Македонски народен театар, наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“ за оваа 2025 година ѝ е доделена на Снежана Коневски-Руси (1952), актерка.

Она што посебно ја истакнува од плејадата актери од највисок ранг е јасното говорење на текстот и прецизно (како со нож) изразената дикција. Снежана Коневски-Руси искажува/прикажува чист сценски говор за да може секој јасно да ги чуе секој збор и значењето на текстот, на начин на говор што „везе“ на сцената и што треба да го има секој актер. Вредноста и посветеноста на Снежана Коневски-Руси кон театарот се забележани и се наградени од стручните театарски и театролошки лица. Ги добива наградите: награда на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за најдобро актерско остварување за улогата на Маргарита во претставата „Ричард Трети“, 1991 г.; наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за повеќегодишни значајни остварувања во областа на драмската уметност, 1992 г.; награда на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за епизодната улога на Слепата девојка во претставата „Крчма под зеленото дрво“, 1976; и награда на весникот „Млад Борец“ за најуспешен млад актер за улогата на Девојката во претставата „Димна Јуда, град градила“ и за монодрамата „Ана Франк”, 1974 г.