Skip to main content
Балкан

Над милијарда евра вратени по истраги за злоупотреба во инвестициски фондови во Турција

18/11/2026  09:41

Околу 40,4 милијарди турски лири (1,03 милијарди евра) се вратени од 75 лица во Турција како дел од истрагите за злоупотреби во работењето со инвестициски фондови на пазарите на капитал, јавија турски медиуми.

Повикувајќи се на изјава на министерот за правда Акин Гурлек, медиумите наведуваат дека истрагите што ги води обвинителството во Истанбул продолжуваат да се прошируваат врз основа на откриени нови докази.

Според министерот, вкупно 498 осомничени лица се моментално под истрага. Од нив, 129 лица се во притвор, додека 289 се под судска контрола. Потрагата по 54 осомничени со налози за апсење е во тек, а за уште 22 притворени лица се во тек процедурални и истражни дејствија.

За да се спречи прикривање на средства наводно стекнати преку криминални активности, се изречени заплени и конфискации на имотот на 417 физички лица и 149 правни лица.