Skip to main content
Македонија

Над Македонија помина Медитерански влажен бран и на повеќе места донесе нови врнежи!

10/05/2025  08:37

Во текот на изминатите 24 часа најмногу дожд во Македонија наврна во Охрид, и тоа 14 литри на метар квадратен. Инаку, во текот на изминатата ноќ над територијата на нашата Македонија од Медитеранот помина влажен воздушен бран, па така врнежи од дожд имаше на повеќе места кај нас.

На табелата можете да ги погледнете измерените минимални температури на воздухот ова утро, и тоа до 8 часот, како и количеството на врнежи во изминатите 24 часа кај нас.

Да напоменам дека поради локалноста на процесите, количеството на врнежи многу варира и на различни места тоа може да биде многу поголемо.