Skip to main content
Македонија

Над 100 електронски уреди под анализа – истрагата за „Пулс“ се проширува

16/04/2025  15:46

Обвинителите кои постапуваат во случајот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, заедно со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, денеска одржаа координациски состанок со стручни лица од повеќе области. Целта на средбата беше планирање на понатамошните активности за обезбедување и анализа на доказите поврзани со трагичниот настан.

Иако формално увидот на лице место е завршен, вештите лица по наредба на јавниот обвинител и понатаму преземаат дополнителни дејствија на терен, со цел темелна проверка и согледување на сите релевантни околности поврзани со пожарот. Поради тоа, објектот е сè уште обезбеден, а локацијата детално се прегледува.

Во рамки на истрагата, издадени се дополнителни барања и наредби за вештачења, како и анализи на податоци. Досега, за потребите на постапката се издадени наредби за анализа на информации од над 70 мобилни телефони и околу 30 десктоп и лаптоп компјутери, со цел прибирање на сите можни докази што би придонеле за целосно расветлување на настанот.