Skip to main content
Македонија

Началник од Демир Хисар разрешен поради непрофесионално однесување

10/08/2025  14:07

Министерството за внатрешни работи соопшти дека Одделот за внатрешна контрола утврдил непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар, во врска со случајот кој стана јавен преку објавено видео од претрес.

По спроведените проверки, против началникот е покрената дисциплинска постапка, а со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, тој ќе биде разрешен од функцијата.

Од МВР нагласуваат дека остро го осудуваат секој облик на насилство и незаконско постапување, потсетувајќи дека полицијата е должна да ги спроведува законите и да им служи на граѓаните.