Skip to main content
Свет

На Волстрит соборен негативен рекорд од 1978 година

18/12/2024  08:06

На Волстрит вредноста на акциите вчера падна, а индексот Дау Џонс се намали деветти ден по ред, додека инвеститорите ги очекуваат одлуките и пораките од состанокот на лидерите на американската централна банка.

Дау Џонс падна за 0,61 отсто на 43,449 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,39 отсто на 6,050 поени, а индексот Насдак падна за 0,32 отсто на 20,109 поени.

Така, Насдак се лизна од рекордно високо ниво, додека Дау Џонс падна деветти ден по ред, период што не е забележан од 1978 година.

Инвеститорите се претпазливи бидејќи вчера започна дводневната средба на лидерите на ФЕД, а нивните одлуки ќе бидат објавени денеска.

Инвеститорите ќе бидат фокусирани и на нивните нови макроекономски прогнози, како и на прес-конференцијата на претседателот на централната банка Џером Пауел, јавија американските медиуми.