Skip to main content
Македонија

На градскиот плоштад во Кавадарци ќе се одржи отворен ден на Армијата

01/06/2025  09:39

Оклопни возила, вооружување и заштитна опрема ќе можат да видат граѓаните на отворениот ден на Армијата што ќе се одржи денеска на градскиот плоштад во Кавадарци во период од 10:00 до 13:00 часот, соопштија од Канцеларијата за воени односи со јавноста.

Меѓународната вежба „IR 25“ е дел од најголемата НАТО вежба оваа година на тлото на Европа, „Defender 25“. Во вежбовната активност на армискиот полигон „Криволак“ учествуваат над 2200 армиски припадници од земјава,САД, Албанија, Грција, Италија, Црна Гора, ОК, Австрија и Косово. Преку изведување на копнени и боеви гаѓања се подобруваат подготвеноста, интероперабилноста и способностите за одвраќање помеѓу НАТО сојузниците и партнерите.