Време е за ручек! Неделите се ден за одмор на телото и на душата, затоа направете топла домашна супа која ќе му годи и на телото и на душата. Рецептот во продолжение:
Состојки: 400 гр пилешко месо, 3 моркови, 1 мал кромид, 1 голем целер, 1 компир, 1 китка магдонос, 1 лажица мешавина од суви зачини, тестенини, зрна бибер по вкус, сол по вкус, сечкани листови магдонос.
Подготовка: За оваа супа во поголемо тенџере додајте го добро измиеното месо, како и исечканите моркови, сечканиот целер, сечканиот корен од магдонос, цели излупени и измиени компири и кромид исечен на половина. Додадете бибер, по вкус.
Состојките во тенџерето се прелеваат со вода и се варат на тивок оган, за да зоврие супата, додека не се сварат зеленчукот и месото. Отстранете ги компирите, кромидот и пилешкото од супата, а потоа додадете ги тестенините. Додадете сечкани листови од магдонос, зачини и сол, по вкус. Оставете ја супата да зоврие 2-3 минути и потоа тргнете ја од оган, па спојте ги сите состојки повторно. Послужете и уживајте.