
До Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи на западно-нилска треска, соопшти Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања.
– Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените установи, продолжува со засилен епидемиолошки надзор и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови сознанија, се наведува во соопштението од ресорното Министерство.

