
Министерството за здравство информира дека е известено од компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот ФОСТЕР што се наоѓа на позитивнатa листа на лекови, дека овој лек повторно ќе биде достапен зa пациентите без доплата, во најскоро време.
Од Министерството посочуваат дека и понатаму ќе спроведуваат активности со кои ќе сe овозможи поголема достапност на лековите по поприфатливи цени зa граѓаните.

